logo
logo
logo

Јорданскиот министер за надворешни работи оди во Сирија на средба со новиот лидер

Vecer | 23.12.2024

Јорданскиот министер за надворешни работи оди во Сирија на средба со новиот лидер

-Сафади ќе оди во Дамаск денеска за да се сретне со врховниот командант на новата сириска администрација Ахмад ал Шарех, како и со други сириски претставници, соопшти јорданското министерство.

Две недели по преземањето на власта по големата изненадна офанзива, новиот лидер на Сирија, Ахмад ал Шарех, вчера објави дека целото оружје во земјата ќе биде ставено под државна контрола.

Тој разговараше со шефот на турската дипломатија Хакан Фидан, кој беше во посета на земјава.

Претходно тој прими делегација од Либан на која и рече дека се залага за ставање крај на „негативното влијание на Сирија“ врз соседот.

Коалицијата на бунтовниците предводена од радикалната исламистичка група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), на чело со Шарех, со поддршка на Анкара, влезе во Дамаск на 8 декември и објави дека владата е соборена по офанзивата која зазеде голем дел на земјата за 11 дена.

Напуштен од неговите ирански и руски сојузници, поранешниот претседател Башар Ал Асад, кој владееше со Сирија 24 години, побегна во Москва, означувајќи го крајот на владеењето на кланот на Асад, кое трае повеќе од 50 години.

Во процесот на транзиција во земјата опустошена од 13 години војна, Шарех најави дека вооружените фракции ќе почнат да се распуштаат и најави дека ќе се приклучи на редовната армија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk