Целта на посетата е да се покаже посветеноста на Токио кон Киев во борбата против руската воена агресија, во која веќе се вклучени и севернокорејски војници, соопшти јапонското Министерство за надворешни работи.
Ова е прва посета на Украина на министер од владата на новиот јапонски премиер Шигеру Ишиба кој ја презеде функцијата на почетокот на минатиот месец, пренесува Укринформ.
Иваја пристигна во Украина со воз од соседна Полска по посетата на Перу на самитот на форумот за Азиско-пацифичка економска соработка.
Заедно со САД и другите земји од Г7, Јапонија ја поддржува Украина и воведе економски санкции против Русија од избувнувањето на војната.
Претходната посета на јапонски министер за надворешни работи на Украина беше во јануари година, кога во Киев пристигна беше Јоко Камикава, претходникот на Иваја./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата