logo
logo
logo

Израелците им наредија на Палестинците да го напуштат Кан Јунис, па почнаа жесток напад

Vecer | 22.07.2024

Израелците им наредија на Палестинците да го напуштат Кан Јунис, па почнаа жесток напад

Армијата го нападнала источниот дел на градот, според очевидци, при што според неофицијални информации, биле убиени најмалку 39 Палестинци, додека 80 се повредени.

Израелската армија претходно ги повика жителите во источниот дел на градот веднаш да ја напуштат областа. Воени извори тврдат дека членовите на Хамас од таму извршувале ракетни напади врз Израел. „Армијата ќе преземе одлучни мерки против овие дејствија, а може да бидат опасни и за цивилите“, објави армијата на Телеграм.

За таа цел биле променети и границите на хуманитарната зона за цивили бидејќи Хамас од тоа подрачје го нападнал Израел, се наведува. Според очевидци, илјадници цивили избегале. Многу од нив веќе се раселени од други делови на Појасот Газа.

Претходно, израелската армија беше активна против силите на Хамас во Кан Јунис во неколку наврати, како и подолги периоди, но потоа се повлече на воспоставените позиции надвор од градот. Армијата го обвинува Хамас дека го искористил тоа за повторно да се инфилтрира во областа, како и дека за своите активности користи делови од хуманитарната зона, прогласена од Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk