Во соопштението се наведува дека напаѓачот бил убиен за време на напад на автопатот што ги поврзува Ашдод и Тел Авив, објави „Тајмс оф Израел“.
„Терористот рани пет лица, меѓу кои и еден полицаец кој беше тешко повреден и подоцна почина“, изјави портпаролот на полицијата.
Портпаролот изјавил дека напаѓачот дошол пеш до автопатот и прво ранил полицаец, а потоа уште четири лица. Полесно е повреден лекар кој го запрел својот автомобил за да им помогне на повредените кога во него удрил друг автомобил.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата