logo
logo
logo

Израелски дронови исфрлиле гранати во близина на мировници на ОН во Либан

Vecer | 03.09.2025

Израелски дронови исфрлиле гранати во близина на мировници на ОН во Либан

Израелски дронови исфрлиле четири гранати во близина на мировници на Обединетите нации, додека тие расчистувале блокади на патиштата што го попречувале пристапот до нивна позиција во јужен Либан, соопштија Времените сили на ОН во Либан (УНИФИЛ).

„Ова е еден од најсериозните напади врз персоналот и имотот на УНИФИЛ од постигнувањето на договорот за прекин на огнот во ноември минатата година,“ се наведува во соопштението.

Една граната паднала на само 20 метри од персоналот и возилата на ОН, а трите други на околу 100 метри.

УНИФИЛ истакна дека израелската армија била претходно известена за активностите на мировниците во расчистување на патиштата.

Минатата недела Советот за безбедност на ОН едногласно одлучи да го продолжи мандатот на мисијата до крајот на 2026 година, по што ќе започне постепено и безбедно намалување и повлекување на силите.

Времените сили на ОН во Либан беа воспоставени во 1978 година и патролираат по јужната граница на земјата со Израел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk