logo
logo
logo

Израелската војска во Газа пронашла тела на уште петмина заложници, киднапирани од Хамас

Vecer | 25.07.2024

Израелската војска во Газа пронашла тела на уште петмина заложници, киднапирани од Хамас

Како што јави Би-Би-Си, пронајдени се телата на воспитувачката во градинка Маја Горен и војниците Равид Кац, Орен Голдин, Томер Ахимас и Кирил Бродски.

Нивните тела биле пронајдени за време на операциите во областа Кан Јунис. Според ИДФ, Маја Горен се верува дека била убиена додека била во заробеништво, додека четворица војници биле убиени за време на напад на Хамас, пред да биде префрлен во Појасот Газа.

Хамас, наводно, киднапирал 251 лице, главно цивили, во нападот врз Израел. Уште 111 лица се држат во заробеништво, а ИДФ соопшти дека 39 од нив се верува дека се мртви.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој е во посета на САД, за време на неговото обраќање пред Конгресот, рече дека преговорите за ослободување на заложниците се интензивирани. Премиерот беше критикуван од Јаир Лапид, лидерот на опозицијата, кој рече дека во говорот кој траел цел час, Нетанјаху никогаш не рекол - Ќе постигнеме договор за ослободување на заложниците!

Семејствата на киднапираните не се откажуваат од протестите и бараат премиерот Нетанјаху да направи сѐ што е во негова моќ да ги врати нивните најблиски дома.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk