Израел започна и копнена офанзива врз Либан – властите од Тел Авив уверуваат дека станува збор за лимитиран и насочен напад да се спречи oперацијата „Освујување на Галилеја“ планирана од милитантната група Хезболах, која треба да има сличен стил на онаа од Хамас од лани на 7ми октовмри, тврди портпаролот на израелската војска Даниел Хагари. Како што вели, селата во јужен Либан се претворени во упоришта на Хезболах и ги повика цивилите да си заминат од 30 населени места
„Хезболах отворено изјави дека планира да спроведе свој „7-ми октомври“ масакр на северната граница на Израел, но во уште поголеми размери. Тие го нарекоа овој план „Освојување на Галилеја“. Со години Хезболах планираше да направи во северен Израел тоа што Хамас го направи во јужен Израел на 7ми октомври. Да упадне во Израел, да се инфилтрира во цивилните заедници и да масакрира недолжни цивили.“
Во меѓувреме повторно во Тел Авив одекнаа сирените за тревога, Хезболах истрела нов проектил со висок дострел кон престолнината на Израел, но „железната купола“ и натаму останува непробојна, нема жртви, ниту штета. Во меѓувреме во северен Либан и натаму одекнуваат екплозии
Премиерот на Израел – Бенјамин Нетанјаху по неколкуте пораки до граѓаните на Либан дека оваа војна не се води против нив, денеска им се обрати и на граѓантие на Иран, велејќи дека нема место каде Израел нема да стигне да си ја брани државата и народот.
„Не постои место на Блискиот Исток каде Израел не може да достигне, не постои место каде нема да одиме за да ги заштитиме нашите граѓани и да ја заштитиме нашата земја. Со секој поминат момент, режимот ве носи, вас чесни персијци, поблиску до бездна.“
Во меѓувреме, со засилувањето на израелските напади кон противниците, расте и загриженоста кај нивните западни сојузници од потенцијалнaта сеопфатна војна која може да го зафати регионот.
Франција веќе го испрати носачот на хеликоптери „Диксмуд“ на источниот медитеран за евакуација на своите граѓани доколку дојде до пожестоки судири, а итна деескалација побара и италијанската премиерка Мелони.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата