Сириската опсерваторија за човекови права, група за набљудување на војната со седиште во Велика Британија, објави дека израелската армија уништила неколку цели, вклучително и истражувачки центар северно од Дамаск.
Од соборувањето на сирискиот претседател Башар ал Асад, израелските воздухопловни сили често вршат големи воздушни напади врз воени објекти во Сирија.
Источниот регион Каламун, на околу 90 километри северно од главниот град Дамаск, беше погоден во 28 воздушни напади.
Израелските авиони гаѓаа и уништија складиште за оружје, воен аеродром и подземни тунели, додаде набљудувачката група.
Победата на опозицискиот бунтовнички сојуз, кој минатиот викенд ја презеде контролата врз Дамаск, стави крај на повеќе од 53 години владеење на семејството Ал Асад.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата