Армијата објави дека планира да започне операција против милитантите на Хамас кои се во областа и оттаму лансираат ракети кон Израел.
Станува збор за источниот дел на хуманитарната зона Муваси, што се наоѓа на југот од Појасот.
Претходно овој месец, Израел соопшти дека проценува дека најмалку 1,8 милиони Палестинци се наоѓаат во хуманитарната зона што ја прогласи, која опфаќа дел од околу 14 километри долж Средоземното Море.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата