logo
logo
logo

Израел му зададе силен удар на Хамас: Убиен е еден од организаторите на масакрот на 7 октомври

Vecer | 14.07.2024

Израел му зададе силен удар на Хамас: Убиен е еден од организаторите на масакрот на 7 октомври

Израелските одбранбени сили (ИДФ) и членовите на израелската безбедносна агенција познати како Шин Бет во заедничка изјава официјално потврдија дека Рафа Саламех, командантот на бригадата на Хамас, Кан Јунис, е убиен во напад во јужниот дел на Појасот Газа.

ИДФ изјави дека Саламех бил „еден од најблиските соработници“ на Мухамед Деиф, шефот на военото крило на терористичката група и дека тој „е еден од организаторите на масакрот на 7 октомври“, пишува „Тајмс оф Израел“.

Неговото убиство вчера е „значаен удар за воените способности на Хамас“, соопшти ИДФ.

На местото на нападот бил и Деиф, но ИДФ се уште нема добиено дефинитивна потврда дали и тој бил убиен во нападот.

Саламех, според ИДФ, му се приклучил на Хамас на почетокот на 1990-тите, а подоцна бил назначен за командант на баталјонот Ал-Карара на бригадата Кан Јунис.

ИДФ соопшти дека тој „играл значајна улога“ во киднапирањето на војникот на ИДФ, Гилад Шилат во 2006 година, а во војната во 2014 година имал командна улога во „борбената поддршка и одбранбените планови на Хамас“.

Во 2016 година, тој го замени Мохамед Синвар, брат на водачот на Хамас во Газа Јахја Синвар, како шеф на бригадата Кан Јунис, според ИДФ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk