logo
logo
logo

Израел ја критикуваше нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил

Vecer | 17.11.2024

Израел ја критикуваше нацрт-завршната декларација од претстојниот самит на Г-20 во Бразил

Саар на социјалната мрежа „Х“ изјави дека деновиве се јавил на неколку свои колеги од земјите на Г-20 и го изразил своето незадоволство од проектот пред дводневниот состанок што почнува утре во Рио де Жанеиро.

-Им изјавив на моите колеги дека сеопфатната изјава за конфликтот во нашиот регион мора да вклучува признавање на правото на Израел да се брани, барање за ослободување на сите заложници кои ги држат терористите на Хамас повеќе од 400 дена во ужасни услови и осуда на Хамас и Хезболах, рече тој.

Според неговите зборови, секоја изјава што не се однесува на овие теми „ќе им наштети на мирот и безбедноста и само ќе го охрабри Иран и неговите полномошници да продолжат да предизвикуваат нестабилност на Блискиот Исток“.

Израел не е членка на Г-20, а Саудиска Арабија е единствената арапска земја која е дел од овој формат, забележува ДПА. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk