Кабинетот на Нетанјаху веста за преговорите ја оцени како „целосна лага“ и „дел од психолошката војна“ на Хамас против израелските семејства на заложниците и граѓаните.
Според либанските медиуми блиски до Хезболах, во преговорите за евентуалното примирје се разгледува можноста и Хамас да ги ослободи заложниците и да достави список на загинатите заложници доколку се познати локациите каде се наоѓаат нивните тела. Исто така, се преговара и за зголемување на хуманитарната помош за Појасот Газа и обнова на здравствениот систем.
- Израел неуморно ќе работи на враќање на сите заложници дома, се наведува во соопштението од Кабинетот на Нетанјаху./МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата