logo
logo
logo

Јапонското стопанство на удар- рекорден број стечаи, банкротирале над 10.000 компании

Vecer | 16.01.2025

Јапонското стопанство на удар- рекорден број стечаи, банкротирале над 10.000 компании

Јапонската агенција наведува дека причините за ваквиот тренд се зголемениот недостиг на работна сила и зголемените цени на увезените суровини поради падот на вредноста на јенот.

Бројот на банкроти е зголемен за 15,1 отсто во однос на претходната година, што е трета година по ред на раст, пишува Кјодо Њуз.

Од вкупниот број, дури 10.004 случаи се однесуваат на мали и средни претпријатија, кои се особено погодени од укинувањето на посебните мерки за одложување на даноците воведени за време на пандемијата, што дополнително го оптоварува нивното работење.

Јенот падна на 37-годишен минимум во однос на американскиот долар во летото 2024 година, зголемувајќи ги увозните трошоци за компаниите.

Растечкиот недостиг на работна сила, предизвикан од стареењето на населението во Јапонија и построгите правила за прекувремена работа, дополнително ги погоди економските сектори како градежништвото и услугите.

Услужниот сектор, вклучително и рестораните, забележа најголем број на стечајци – 3.329 случаи, што претставува зголемување од 13,2 отсто.

Градежништвото, една од најпогодените индустрии од реформата на работното време, е следна со 1.924 случаи, што е раст од 13,6 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk