logo
logo
logo

Италија нуди 30.000 евра за купување куќа во Тоскана, но има и повеќе услови

Vecer | 30.08.2024

Италија нуди 30.000 евра за купување куќа во Тоскана, но има и повеќе услови

Имено, тие нудат пари за помош за покривање на трошоците за купување и реновирање куќа, а за овој поттик на располагање се 76 градови и села, пишува Форбс.

Грантовите од Тоскана, пишува Форбс, се доволни за покривање до 50 отсто од трошоците поврзани со купување и реновирање на куќи во градовите со помалку од 5.000 жители. Просечната цена за купување куќа во најевтината провинција Тоскана, Пистоја, е 1.472 евра за метар квадратен, пренесува Индекс.

Има еден услов.Апликантите мора да бидат италијански државјани, државјани на Европската унија или државјани на ЕУ со дозвола за долгорочен престој и мора да се регистрираат како жители во италијанскиот град по свој избор.

Италијанското Министерство за животна средина објави студија од 2016 година која покажува дека речиси 2.500 градови се толку малку населени што нема да преживеат повеќе од 25 години. Минатата година Си-Ен-Ен објави дека во земјата има околу 6.000 напуштени села.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk