logo
logo
logo

Истрага за терористичкиот напад во Виена: Фејзулај пукал сам, но со поддршка од исламисти

Vecer | 12.04.2021

Истрага за терористичкиот напад во Виена: Фејзулај пукал сам, но со поддршка од исламисти


Истрагата на австриската полиција во случајот со терористичкиот напад на почетокот на ноември во Виена дошла до заклучок дека Кујтим Фејзулај го извршил нападот сам, но дека во врска со планот била вклучена и исламистичка мрежа.

Австриецот со македонско-албанско потекло набавил оружје од едно лице, кое било уапсено за време на викендот.

Фејзулај се обидел да набави куршуми за неговата автоматска пушка во Словачка минатото лето, со што го привлекол вниманието на словачките безбедносни органи. Словачките власти ги информирале своите австриски колеги, кои, како што се испостави, реагирале предоцна и, со својата неактивност, го овозможиле терористичкиот напад на 2 ноември, во кој загинаа четири лица, а повеќе од 20 беа повредени.

Минатиот викенд австриската полиција уапси 21-годишен соучесник во станот на големо семејство од Египет. Тој призна дека бил фактички снабдувач на оружје на исламистичка ќелија. Со набавена пушка на црниот пазар, Фејзулај испука околу 80 куршуми на кобниот 2 ноември.

Само 161 ден по настанот, полицијата успеа да ја открие мрежата на џихадисти. Во рамките на истрагата беа уапсени повеќе од 20 лица, вклучително и исламисти од Швајцарија.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk