logo
logo
logo

Истакнати Израелци го повикуваат Вашингтон да го откаже обраќањето на Нетанјаху во Конгресот

Vecer | 26.06.2024

Истакнати Израелци го повикуваат Вашингтон да го откаже обраќањето на Нетанјаху во Конгресот

Во написот објавен во делот за мислење на Њујорк Тајмс, тие ја нарекоа поканата „страшна грешка“, предупредувајќи дека говорот на Нетанјаху „нема да ја претставува државата Израел и нејзините граѓани, туку ќе биде награда за неговото скандалозно и деструктивно однесување“ кон нивната земја.

-Поканувањето на Нетанјаху ќе го награди неговиот презир кон напорите на САД да донесат мировен план, да се овозможи зголемена помош за опколениот народ во Газа и да се поштедат повеќе цивили, се вели во написот.

Дополнително, се потсетува дека Нетанјаху во неколку наврати го отфрли планот на американскиот претседател Џозеф Бајден да го отстрани Хамас од власта во Газа со формирање мировни сили.

Беше оценето дека тоа најверојатно ќе влијае на многу поширок регионален сојуз, вклучувајќи ја и визијата за решавање на израелско-палестинскиот конфликт, што не е само во интерес на Израел, туку и во интерес на двете политички партии во САД, и дека Нетанјаху е главната пречка за таквиот исход.

Написот го критикува Нетанјаху за „авторитарното преобликување на Израел“ и вели дека говорот пред Конгресот ќе му овозможи да се пофали пред своите гласачи за таканаречената американска поддршка за неговата неуспешна политика.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk