logo
logo
logo

Исландската министерка за деца поднесе оставка за скандал стар 36 години

Vecer | 21.03.2025

Исландската министерка за деца поднесе оставка за скандал стар 36 години

Торсдотир изјави дека врската ја почнала кога момчето имало 15 години, а таа имала 22 години и била советник во религиозната група на која членувал тинејџерот Ерик Асмундсон. Кога таа имала 23 години родила дете, кога момчето имало 16 години.

Поминаа 36 години, многу работи се сменија и сигурно денес би постапила поинаку, изјави 58-годишната Торсдотир.

Асмундсон бил дел од верската организација „Вера и живот“ поради домашни проблеми, каде работела Торсдотир.

За скандалот синоќа објави Исландската новинска агенција (РУВ), наведувајќи оти Асмундсон присуствувал на породувањето и поминал една година заедно со детето. Кога Торсдотир го запознала сегашниот сопруг му го искратила правото на Асмундсон да го гледа синот.

Торсдотир иако поднесе оставка од функцијата изјави дека не планира да го напушти Парламентот.

На Исланд границата за согласност на сексуален однос е 15 години, законот забранува сексуални односи со лице помладо од 18 години ако сте негов учител или ментор, ако тие се финансиски зависни од вас или ако работат за вас. Максималната казна за таков прекршок е три години затвор. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk