logo
logo
logo

Исланд ќе одржи предвремени парламентарни избори на 30 ноември

Vecer | 16.10.2024

Исланд ќе одржи предвремени парламентарни избори на 30 ноември

Претседателката Хала Томасдотир го прифати предлогот на премиерот Бјарни Бенедиктсон за распуштање на парламентот, објави исландската телевизија RUV. Таа, исто така, се согласи на барањето на Бенедиктсон да се повлече од премиерската функција.

Преодната влада ќе функционира додека не се состави нова. Претходната коалиција се состоеше од либерално-конзервативната Партија на независноста, Прогресивната партија и Лево-зеленото движење, чија улога во преодната влада сè уште е неизвесна.

Бенедиктсон наведе дека разликите околу азилската и енергетската политика биле клучните фактори за распадот на коалицијата.

Редовните парламентарни избори требаше да се одржат во септември следната година. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk