logo
logo
logo

Исчезнаа трите деца на романски милионер- цела држава на нозе, од вчера им се губи трагата

Vecer | 15.10.2024

Исчезнаа трите деца на романски милионер- цела држава на нозе, од вчера им се губи трагата

Полицијата во Хунедоара е на готовност, а сите расположливи единици трагаат по трите деца од Клуж, објавија романските медиуми.

Децата на возраст од 7, 9 и 11 години, наводно, биле киднапирани од нивниот татко, откако судот одлучил старателството да ѝ припадне на мајката.

Две девојчиња и едно момче живееле во куќа во градот Сантандер во округот Хунедоара.

Родителите веќе подолго време војуваат за децата бидејќи и мајката и таткото имале одредени забрани во текот на постапката. Имено, на таткото му било забрането да им се приближи поблиску од 150 метри, а на мајката ѝ се суди бидејќи им се заканувала на децата со смрт. По одлуката на судот, на двајцата родители судот им ги одзеде правата.

Меѓутоа, после тоа е одлучено децата сепак да бидат со мајка си.

По најмалите е започната национална потрага откако дадилката наводно ги изгубила, односно откако излегле од дома.

„Полицијата продолжува со истражните активности и потрагата по три малолетници чие исчезнување го пријавил нивниот татко во понеделникот, во радиусот на селото Сантандреј. Станува збор за две девојчиња и едно момче на возраст од 7, 9 и 11 години“, изјави портпаролот на полицискиот инспекторат на областа Хунедоара, Богдан Нику.

Полицијата ги замоли сите со какви било информации за децата да се јават на наведените телефонски броеви или да се јават во полиција.

Полицијата не знае каква облека носеле децата кога наводно биле киднапирани.

Адријан Мартијан е контроверзен милионер со бизниси во неколку области. Тој е по потекло од областа Клуж и во минатото бил спонзор на фудбалскиот тим УТА Арад. Тој е поранешен деловен партнер на Адријан Муту. Како што пишуваат романските медиуми, двајцата се обиделе да започнат бизнис и да станат сопственици на биодизел во Италија, но дошло до меѓучовечки проблеми и тие завршиле на суд.

Во моментов, Адријан поседува компании во Романија и неколку европски земји.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk