logo
logo
logo

Исчезна најголемиот глечер на светот, со површина над 6.000 км2 (ФОТО)

Vecer | 18.04.2021

Исчезна најголемиот глечер на светот, со површина над 6.000 км2 (ФОТО)

До неодамна, најголемиот глечер во светот, А68, веќе го нема тој статус

А68 зафаќаѓе површина од скоро 6.000 квадратни километри кога се одвои од Антарктикот во 2017 година и беше со големина на Велс.

Сепак, сега сателитските снимки покажуваат дека масивниот глечер повеќе го нема, односно дека е скршен на неколку помали делови, за кои американскиот национален центар за податоци за мраз вели дека повеќе не вреди да се следат, објави Би-Би-Си.

А68 се оддели Ларсон Ц ледената област, на работ на Антарктичкиот полуостров и претежно беше во мирување една година, сепак, тогаш почна да плови на север и да се забрзува поради силните струи и ветровите.

Со тежина од милијарда тони, глечерот се упатил кон Јужна Џорџија, британска островска територија во Јужен Атлантик, со плитки води каде што се топат повеќето глечери.

Овој глечер некако успеа да избега од таа судбина, но наместо островските плиќаци, тој беше проголтан од потоплите води и повисоките температури на воздухот во Атлантикот и тие го скршија на парчиња.

"Неверојатно е што А68 траеше толку долго. Тој се распадна на четири, пет дела, а потоа тие делови се скршија на уште повеќе", изјави Адријан Лакман, од Универзитетот во Свонси, за Би-Би-Си.

А68 најдобро ќе остане запаметен по првиот глечер кој стана „ѕвезда“ на социјалните мрежи, бидејќи луѓе од целиот свет прикачуваа сателитски слики од глечерот, заклучуваат британските медиуми.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk