Во соопштението се наведува дека авионот Ф-35 е соборен над централниот дел на Иран и е целосно уништен, а не е непозната судбината на пилотот.
Другиот американски авион ловец е погоден јужно од островот Кешм и потоа се урнал „во длабочините на Персиски Залив.
ИРГЦ наведува дека соборувањето на борбениот авион бил директен одговор на неодамнешната реторика на Вашингтон, имено на тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека американските сили ја уништиле воздушната одбрана на Иран.
- По лажното тврдење на лажниот американски претседател за целосно уништување на воздушната одбрана на ИРГЦ, пред неколку моменти напреден непријателски ловец беше погоден јужно од островот Кешм од страна на современ напреден систем за воздушна одбрана на морнарицата на ИРГЦ, се наведува во соопштението.
Иран на 11 март собори авион Ф-35 над централен Иран.
ИРГЦ тврди дека вооружените сили на Иран досега собориле два авиона Ф-35, еден Ф-18, два Ф-16 и четири Ф-15 од почетокот на американско-израелската напад што почна на 28 февруари.
Американската армија официјално ја потврди загубата на три американски Ф-15 и еден танкер КЦ-135.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата