logo
logo
logo

ИРГЦ: Иран нема да го отвори Ормускиот Теснец и покрај заканите на Трамп

Vecer | 14.03.2026

ИРГЦ: Иран нема да го отвори Ормускиот Теснец и покрај заканите на Трамп

„Без Америка да си замине од Персискиот Залив и  воспоставување контрола врз Ормускиот Теснец од регионалните земји и Оман, безбедноста не може да се постигне“, рече Резаи, пренесе Скај њуз.

Тој рече дека Иран ќе размисли за завршување на војната само кога ќе добие компензација од САД и 100 проценти гаранции за иднината, што е невозможно без САД да го напуштат Персискиот Залив.

Иран извезува 90 проценти од својата нафта преку постројки на островот Харг, на североистокот од Персискиот Залив.

Американскиот претседател изјави дека ќе ја преиспита својата одлука да ја поштеди нафтената инфраструктура на островот Харг од напад ако Иран продолжи да го попречува преминувањето на бродовите низ клучен нафтен пат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk