Кац не прецизираше дали ова значи дека Израел и САД очекуваат нивната воена кампања наскоро да заврши, туку само рече дека следната фаза ќе трае колку што е потребно, се наведува во коментарот објавен од неговиот кабинет.
Израелските воздухопловни сили продолжуваат да спроведуваат интензивен бран напади врз Техеран и низ целиот Иран, рече Кац, повикувајќи ги Иранците да се спротивстават на нивното раководство, пренесе германската агенција.
„Само иранскиот народ може да стави крај на ова - преку решителна борба додека не се собори терористичкиот режим“, рече министерот.
Претходно денеска израелската војска соопшти дека детектирала нов бран ракети лансирани кон земјата од Иран, потсети ДПА.
Системите за воздушна одбрана работат на пресретнување на проектилите, соопшти кабинетот на Кац на каналот Телеграм.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата