Претседателот на Франција, Емануел Макрон изјави дека нема да се меша во планот на американскиот претседател Доналд Трамп за блокирање на Ормутскиот теснец, но дека нема да учествува во операциите за негова блокада.
Во објава на платформата X Макрон наведе дека неговата земја ќе организира конференција со Велика Британија и други земји за создавање мултинационална мисија за враќање на пловидбата во теснецот, објави Ројтерс.
„Оваа строго одбранбена мисија, одвоена од завојуваните страни, ќе биде распоредена штом ситуацијата ќе дозволи“, рече Макрон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата