logo
logo
logo

ТРАМП НА ЈАВНА СЦЕНА: “Ти прв рече дека треба да ги нападнеме...“

Vecer | 24.03.2026

ТРАМП НА ЈАВНА СЦЕНА: “Ти прв рече дека треба да ги нападнеме...“

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник, се чини, се обиде дел од вината за конфликтот со Иран да ја префрли на министерот за одбрана Пит Хегсет.

Зборувајќи на тркалезна маса на воени и полициски лидери во Мемфис, претседателот рече за околностите што доведоа до започнувањето на операцијата „Епски бес“ на 28 февруари: „Го повикав Пит, го повикав генералот Ден Кејн, ги повикав многу од нашите одлични луѓе - имаме многу одлични луѓе - и реков: „Ајде да разговараме“.

Имаме проблем на Блискиот Исток. Имаме земја позната како Иран, која е извозник на тероризам веќе 47 години и е многу блиску до тоа да има нуклеарно оружје. Можеме да продолжиме и да ги зголемуваме тие 50.000 на 55 и 60 одново и одново, или можеме да застанеме и да направиме мало патување до Блискиот Исток и да го отстраниме големиот проблем.

И Пит, мислам дека беше првиот што излезе и рече: „Ќе го направиме ова затоа што не можеме да им дозволиме да имаат нуклеарно оружје“. Значи, сега водиме навистина добри разговори. Почнаа синоќа, хм, малку, а ноќта пред тоа...“

Барем две недели наназад во САД постои јавен притисок да се прекине нападот врз Иран и војната за која, според анкетите, поддршката за војната од 35% падна на само 12%, а се појавија вести дека постои поделеба во тимот на Трамп околу таа војна.

Неговиот потпреседател Ј.Д. Венес е против, против се и разузанвачките служби за што уследија и оставки, а министерот за одбрана и неколкумина околу него се за војна и тоа таква што треба да се прошири и да вклучи и војници кои би делувале на иранската територија.

Директорот на Националниот центар за борба против тероризмот, Џозеф Кент, поднесе оставка станувајќи првиот и највисок член на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кој поднесе оставка поради војната против Иран, со објаснување дека Техеран не претставува непосредна закана за Соединетите држави.

Гостувајќи во подкастот кај познатиот и влијателен новинар Такер Карлсон, Кент изјави дека “Војаната во Иран се води за интересите на Израел, а не за интересите на САД“.

Не можам со мирна совест да ја поддржам војна што трае во Иран. Иран не претставува непосредна закана за нашата нација и јасно е дека ја започнавме оваа војна поради притисок од Израел и неговото моќно лоби“, напиша Џозеф Клеј Кент, поранешен офицер во американската армија и поранешен паравоен офицер на Централната разузнавачка агенција (CIA), во писмо до Трамп објавено на платформата X.

Трамп, за прв пат, јавно покажа од кога почнала иницијативата и во американските медиуми тоа се толкува како почеток на дистанцирање на претседателот на САД од војната и последиците од неа и префрлање на вината на Пентагон а министерот за одбрана Пет Хегсет како идна жртва која може да заврши и со негова смена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk