logo
logo
logo

Иран го потврди убиството на командантот на Морнарицата на Иранската револуционерна гарда

Vecer | 30.03.2026

Иран го потврди убиството на командантот на Морнарицата на Иранската револуционерна гарда

Министерот за одбрана на Израел, Израел Кац, уште во четвртокот изјави дека Израелските одбранбени сили го ликвидирале Тангсири, „лицето директно одговорно за терористички операции со поставување мини и блокада на Ормуската Теснмина за поморски сообраќај“.

Кац уште посочи дека нападот бил „порака“ до Иранската револуционерна гарда дека Израелските одбранбени сили ќе ги „следат и елиминират“ еден по еден.

Според израелски официјални лица, Тангсири бил цел на напад додека бил на средба со високорангирани офицери на морнарицата на Иранските револуционерни сили во иранскиот пристаништен град Бандар Абас. 

Според податоците на Министерството за финансии на САД, Тангсири бил член на управен одбор на компанија што разработувала борбени дронови, а и лице одговорно за надзор на тестирања крстосувачки ракети на морнарицата на Иранската револуционерна гарда. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk