Американскиот претседател во интервју за Фајненшл тајмс признава дека сака да ја преземе иранската нафта и дека размислува да го окупира иранскиот остров Харг, клучната економска артерија, преку која се извезува околу 90 проценти од иранската сурова нафта. Стациониран 25 километри од крајбрежјето, на коралниот остров секојдневно доспеваат милиони барели од најголемите нафтени полиња. Трамп вели сите опции се на маса, Иран вели подготвен е да ги пречека американските трупи.
-Дали се уште размислувате да испратите копнени сили и дали би го направиле тоа без Конгресот? Едноставно, имам многу алтернативи. Имаме огромен број бродови таму. Не ни требаат сите, поради надмоќта. Се справуваме многу добро во тие преговори, но со Иран никогаш не се знае, бидејќи преговараме со нив, а потоа мораме да ги кренеме во воздух. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД
-Како одговор на заканите на Трамп за копнена офанзива или окупација на било кој дел од иранската територија на Иран не е ништо повеќе од желба. Американските команданти и војници ќе станат добра храна за ајкулите во Персискиот залив. , изјави Ебрахим Золфагари, портпарол на иранската војска
Последните информации се дека Пентагон испратил дополнителни 2.500 илјади маринци и уште толку морнари на Блискиот Исток, со кои според „Њујорк Тајмс“ вкупниот број на американски трупи во регионот изнесува околу 50 илјади. Дел од светските безбедносни експерти сметаат дека бројката е голема, но не и доволна за да се остварат клучните цели во моментов, како што е отворањето на Ормускиот теснец.
-Со тоа би можеле да постигнете многу ограничени воени цели. Можеби, запленување на клучен пункт. Но, ако ако сакате да го направите она што сега го разгледуваме, а тоа е да се врати слободната пловидба во Ормускиот теснец и потенцијално во Баб ел - Мандеб во Црвеното море, тогаш зборуваме за огромен број трупи. Не е невозможно, но е многу тешко да се постигне и потребни би биле 3-4 месеци за да се оствари. , изјави Лорд Ричардс, поранешен шеф на британскиот генералштаб
Иранската новинската агенција Тасним објави дека Техеран мобилизирал повеќе од милион борци во исчекување на евентуален копнен напад. Шпанија денеска го затвори возудушниот простор за американските авиони кои учествуваат во нападите во Иран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата