Претставник во иранскиот парламент и поранешен министер за надворешни работи потврдија дека одговорот ќе им биде испратен на Американците. Техеран вели дека во оваа фаза не преговараат за нивната нуклеарна програма, туку нивна единствена цел е да се стави крај на војната на сите фронтови.
Како предуслов за понатамошни разговори, тие бараат директни гаранции од Советот за безбедност на ОН, укинување на санкциите и повторно отворање на Ормутскиот теснец.
Само доколку се исполнат овие услови, иранската страна е подготвена да разговара за нуклеарната програма во втората фаза. Во Ормутскиот теснец, Иран во меѓувреме воспостави ново тело наречено „Управа за теснецот во Персискиот Залив“.
Според нивните изјави, поморскиот режим во теснецот е променет, и секој брод што минува низ него мора да воспостави комуникација со иранските власти.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата