Берлинската полиција воведе голем број дискриминаторски забрани во врска со прославите на Денот на победата. Забранети се следниве активности со кои не е дозволено истакнување на симболи кои потсетуваат дека тогашната Советска (во сленгот руска) армија влегла во Берлин и ги победила анцистите заземајќи го главниот град и Рајхстагот:
- Истакнување знамиња и транспаренти на Советскиот Сојуз, како и на Белорусија и Чеченската Република;
- Појавување на јавни места облечени во воени униформи или прикажување нивни елементи, вклучително и воени ознаки;
- Јавно прикажување на буквите „V“ или „Z“ заедно или одделно;
- Носење Георгиевски ленти;
- Истакнување слики од шефовите на државите на Русија, Белорусија и Чеченската Република;
- Изведување руски маршеви и други песни од воените години;
Истакнување симболи и ознаки „кои ја слават руско-украинската војна“, како што се слики од Украина лишена од териториите што сега се дел од Русија и знамињата на новите руски републики и региони.
И минатата година беше под слични забрани, но во Берлин граѓаните спроевдоа марш на “Бесмртниот полк“.

Бесмртниот полк е меѓународно јавно, граѓанско-патриотско движење за зачувување на личното сеќавање на генерациите од Втората светска војна.
Основано е во Русија на 4 февруари 2014 година, а за прв пат е организирано во оваа форма во 2012 година во рускиот град Томск. Секоја година на Денот на победата, учесниците маршираат во колона низ улиците на градовите со фотографии од нивните роднини - ветерани од армијата и морнарицата, партизани, борци на отпорот, гардисти и затвореници од концентрациони логори.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата