logo
logo
logo

ИОМ: Јемен е опасно место за заглавените мигранти

Vecer | 15.04.2021

ИОМ: Јемен е опасно место за заглавените мигранти


Меѓународната организација за миграција (ИОМ) го опиша Јемен како опасно место за заглавените мигранти и повика да им помогне безбедно да се вратат во своите домови, пренесува „Мидл Ист монитор“.

„Јемен е опасно место за заглавените мигранти. Да им помогнеме безбедно да се вратат дома е хуманитарен императив”, објави ИОМ на Твитер.

ИОМ додаде дека во вторникот го организирале вториот повратен лет од Аден до Адис Абеба од почетокот на пандемијата на коронавирус, помагајќи им на 160 заглавени мигранти достоинствено да се вратат дома.

Претходно во понеделникот, организацијата објави дека дури 34 мигранти загинале крај брегот на Џибути откако нивниот брод се превртел. Мигрантите ги превезувале шверцери со луѓе.

Според организацијата, ова е втора трагедија од ваков вид за нешто повеќе од еден месец, бидејќи во март 20 лица загинаа, а неколку други беа повредени. На почетокот на март, милицијата Хути запали притвор за имигранти во главниот град Сана, убивајќи и ранувајќи околу 900 лица.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk