logo
logo
logo

Индија го сруши светскиот рекорд по бројот на дневно заразени со коронавирус

Vecer | 22.04.2021

Индија го сруши светскиот рекорд по бројот на дневно заразени со коронавирус


Индија денеска забележа најголем број на новозаразени случаи со коронавирус во еден ден досега, и овој црн рекорд не се однесува само на најнаселената земја во светот, туку на целата планета од избувнувањето на пандемијата, затоа што се регистрирани 314.835 случаи, пренесуваат светските агенции.

Досега, според Ројтерс, најголемата бројка на заразаени со Ковид-19 во еден ден изнесувала 297.430 лица во САД, иако сајтот „Ворлдметерс инфо“ од Вашингтон тврди дека на 8 јануари во САД биле заразени 307.851.

Бројот на починати во Индија претставува исто така рекорд, бидејќи починале 2.104 лица, така што вкупниот број на смртни случаи е 184.657, според податоците на Министерството за здравство, а 15,93 милиони жители на таа азиска земја се заразени од почетокот на пандемијата од Ковид-19.

Врховниот суд на Индија јавно ја критикуваше централната влада за лошото снабдување со кислород во болниците, а вчера бројот на починати беше поголем од 200 во Њу Делхи, објави Би-Би-Си.

“Ова е страшно. Ние сакаме да знаеме што прават во болниците во врска со снабдувањето со кислород низ целата земја”, прашаа судиите на Врховниот суд, откако проценија дека одговорноста на владата е да моли, да позајмува, па дури и да краде резерви на кислород доколку е потребно.

Во Индија е откриен и нов троен вид на коронавиурс во време кога земјата се бори да го спречи најлошиот бран на коронавирус од почетокот на пандемијата и соборувајќи го светскиот негативен рекорд за бројот на пациенти.

Индиските научници претходно предупредуваа на двоен мутиран вид на коронавирус, а тројниот мутиран сој ќе предизвика само уште поголеми проблеми, објави лондонски Индепендент.

Во Јапонија пак владата се очекува да прогласи трета по ред вонредна состојба за префектурата Токио и уште три други западни префектури, што може да трае околу две недели, објавија денес јапонските медиуми.

„Владата размислува да воведе вонредна состојба од 25 април до 11 мај“, објавија јапонските новински агенции.

Некои аналитичари тврдат дека одлуката, која се очекува утре, ќе ја „турне“ Јапонија во рецесија доколку од трговците се побара да ги затворат своите продавници за време на празникот „Златна недела“, кој започнува следната недела и ќе трае до почетокот на мај.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk