logo
logo
logo

Илон Маск прифати физички да се пресмета со Николас Мадуро

Vecer | 01.08.2024

Илон Маск прифати физички да се пресмета со Николас Мадуро

Според Фокс, Мадуро го обвинил Маск дека сака да ја нападне неговата земја со своите вселенски проектили.

Основачот на Tesla и првиот човек на компанијата Space X одговори на поканата на Мадуро со едноставна порака – прифаќам. На видеото од понеделникот, Мадуро држи мобилен телефон додека му објавува војна на Маск, тврдејќи дека сопственикот на X, сака да ја нападне Венецуела.

„Илон Маск, ти си очаен. Ти си надвор од колосек. Контролирај се или ќе паднеш како сите десничарски политичари во Америка. Секој што ќе се зафркава со мене, ќе биде повреден. Маск, сакаш ли да се пресметаме“, рече Мадуро и додаде:

Јас сум подготвен.

Предизвикот дојде откако Мадуро прогласи победа на претседателските избори во неделата. Тој тврди дека освоил 51 отсто од гласовите, а опозицијата тврди дека изборите се украдени. Кога беа објавени резултатите, Маск сподели видео на социјалните мрежи во кое Венецуелците на протестите ги кинат фотографиите на Мадуро и ја уриваат статуата на Уго Чавез.

„Социјалните медиуми создаваат виртуелна реалност, а кој ја контролира виртуелната реалност? Нашиот главен непријател, познатиот Илон Маск“, изјавил Мадуро.

Потценување е да се каже дека социјалните мрежи реагираа веднаш по најавата за можна физичка пресметка.

Ова не е прв пат да се зборува за тепачка во која е вмешан Илон Маск. Милијардерот пред неколку месеци преговараше за пресметка со колегата Марк Цукерберг, шефот на Мета.

"Мадуро е големо момче и веројатно знае да се бори, тоа би била рамноправна борба. Зак е мал и таа борба не би траела долго", одговорил Маск на една од бројните пораки.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk