logo
logo
logo

Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго, на Флорида

Vecer | 01.01.2025

Илон Маск ја дочека Новата година во резиденцијата на Трамп, Мар-а-Лаго, на Флорида

Маск го носел на раменици својот четиригодишен син кога пристигнал на имотот на Трамп, објави американски „Сан“.

Лара Трамп, сопругата на синот на Трамп, Ерик, пееше серенада пред околу 300 гости.

Таа изведе кавер на песната „I Won't Back Down“ на Том Пети.

На приемот присуствуваа и новоизбраниот американски потпретседател Џеј-Ди Венс и сенаторот Тед Круз.

Маск наводно живее во луксузна куќа на имотот Мар-а-Лаго за да може постојано да биде во близина на новоизбраниот претседател. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk