logo
logo
logo

Илјадници на протест во Рим поради спорниот предлог закон за безбедност

Vecer | 15.12.2024

Илјадници на протест во Рим поради спорниот предлог закон за безбедност

Според овој предлог, блокирањето патишта и железници ќе претставува кривично дело за кое казната може да биде до две години затвор, пренесе агенцијата Анса.

Според агенцијата, се верува дека оваа мерка е наменета за демонстрантите кои се борат против климатските промени и често ги блокираат патиштата за да привлечат внимание на проблемот со глобалното затоплување.

Досега ваквите протести се казнуваа со административни санкции како парични казни.

Последниот предлог-закон дојде откако владата на премиерката Мелони претходно усвои мерки за казнување на протестните акции насочени кон уметнички дела и споменици со парични износи до 60.000 евра.

Организаторите на вчерашниот протест во Рим изјавија дека на него се собрале 50.000 луѓе.

Меѓу новите регулативи предложени од владата се мерките за заштита на полицијата од насилство, казнување на оние кои организираат или учествуваат во затворски немири, построги казни за криминалците кои мамат постари граѓани, како и забрзана кривична постапка насочена кон ослободување на незаконски окупирани објекти и предмети.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk