logo
logo
logo

Илјадници граѓани од Плимут се евакуирани поради транспорт на неексплодирана бомба (ВИДЕО)

Vecer | 23.02.2024

Илјадници граѓани од Плимут се евакуирани поради транспорт на неексплодирана бомба (ВИДЕО)

Парковите се расчистени од полицијата, фериботите престанаа да сообраќаат, возовите беа запрени, училиштата беа затворени и имало, како што сликовито опишува Гардијан, колективно задржување на здивот додека воен конвој многу бавно ја пренесуваше бомбата од 500 килограми низ скалестите улици што водат до реката Тамар.

Одлуката за преместување на бомбата им била соопштена на сите во областа преку нивните мобилни телефони со помош на владиниот систем за предупредување за итни случаи, што се верува дека е првпат да се користи за вистински итен случај.

Луѓето излегле од своите куќи и влегле во нивните автомобили. Работниците на бродоградилиштето се спакувале и си заминале. „Тоа потсетува  како оние евакуации што ги гледате во филм за катастрофа“, рече Стив Џонс додека ја напушта продавницата каде што работел.

Министерството за одбрана соопштило дека тоа е една од најголемите евакуации на цивили во Обединетото Кралство од крајот на Втората светска војна.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk