Бројот на егзекуции го достигна највисокото ниво во последните триесет години, со 64 егзекуции извршени само во изминатата недела, се дознава.
Повеќето од смртните казни се со бесење, а бројот на егзекуции го надмина претходниот рекорд од 975 смртни казни од 2024 година и рекордот од 2015 година.
Директорот на ИХР, Махмуд Амири-Могадам, изјави за „Телеграф“ дека Исламската Република започнала кампања на масовни убиства во иранските затвори, а со оглед на недостатокот на сериозен меѓународен одговор, оваа кампања се шири секој ден.
Зголемувањето на егзекуциите е поврзано и со 12-дневната војна меѓу Иран и Израел, при што Техеран обвинува голем број поединци за соработка со Израел. Претседателот на иранското судство, Голамхосеин Мохсени Еџеи, изјави дека шпионите ќе бидат решително и законски санкционирани, иако нивното откривање е тешко и бара разузнавачки методи.
Експертите предупредуваат дека исламскиот режим ја искористил војната на Блискиот Исток за да ја интензивира репресијата и да создаде страв од бунт. Амнести интернешнл и други хуманитарни организации предупредија дека Иран е втор во светот по бројот на извршени смртни казни, веднаш зад Кина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата