logo
logo
logo

Идната десничарска премиерка на Италија: Украина може да смета на нас

Vecer | 28.09.2022

Идната десничарска премиерка на Италија: Украина може да смета на нас

„Знаете дека можете да сметате на нашата верна поддршка во интерес на слободата на украинскиот народ. Бидете силни и зачувајте ја својата непоколеблива вера!“ напиша Мелони на англиски на Твитер, обраќајќи му се на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тоа беше одговор на пораката на украинскиот претседател во која ѝ ја честиташе изборната победа.

„Ја цениме постојаната поддршка на Италија за Украина во борбата против руската агресија. Сметаме на конструктивно партнерство со новата италијанска влада“, напиша Зеленски во пораката на Твитер. Рим испраќаше оружје во Украина за да се одбрани од руските сили.

Џорџија Мелони, која најверојатно ќе биде првата жена на чело на италијанската влада, му возврати на честитките и на полскиот премиер Матеуш Моравјецки. „Заедно да ги браниме нашите вредности и европската безбедност“, објави таа на Твитер. Како одговор на честитката на британската премиерка Лиз Трас, таа рече дека е „подготвена да соработува за слободата, демократијата, безбедноста и благосостојбата на нашите земји“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk