Портпаролот на ИДФ, Авичај Адрае на арапски јазик на Икс објави дека израелски воени авиони погодиле комплекс каде се сместени командни центри на безбедносниот систем на Иран.
ИДФ посочи дека во комплексот се сместени штабови на Корпусот на Исламската револуционерна гарда, силите Кудс, Басиџ, военото разузнавање и други безбедносни единици. За време на нападот иранскиот персонал бил присутен во комплексот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата