logo
logo
logo

ИДФ објави податоци за заложниците

Vecer | 20.10.2023

ИДФ објави податоци за заложниците

- Повеќе од 20 од нив се деца помлади од 18 години. Помеѓу 10 и 20 од нив се постари од 60 години. Повеќето од заложниците се живи, се вели во извештајот.

Во соопштението на ИДФ, исто така, се вели дека мртви тела биле „однесени како заложници“ во Појасот Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Би-Би-Си претходно јави дека Хамас понудил да ослободи некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот за време на разговорите за ослободување на многу од околу 203 заложници кои се држат во Газа.

Според британскиот медиуми, Хамас не ги држи сите заложници. Некои се задржани од други вооружени милитантни групи.

Тоа што се уште се заробени во Газа, ја компликува ситуацијата на израелските команданти кои планираат упад на територијата. Очигледно, заложниците имаат многу поголеми шанси да излезат живи ако тоа може да се направи со преговори, коментира Би-Би-Си. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk