logo
logo
logo

ИДФ: Израелски дрон соборен над Либан

Vecer | 22.04.2024

ИДФ: Израелски дрон соборен над Либан

Врз дронот, што оперирал во либанскиот воздушен простор, бил лансиран проектил земја-воздух, напиша ИДФ на каналот Телеграм.

Дронот бил погоден и слетал во Либан, соопшти ИДФ, додавајќи дека израелски борбени авиони потоа го погодиле местото од каде биле лансирани ракетите.

Либанската милитантна група Хезболах потврди дека соборила израелско воено беспилотно летало над јужен Либан и додаде дека станува збор за дронот „Хермес 450“.

Тоа е трет израелски дрон соборен од Хезболах од почетокот на војната во Појасот Газа, кога започнаа и прекуграничните напади меѓу Израел и Хезболах.

Вчера избувнаа борби со Либан, а израелската армија објави дека две гранати биле истрелани во правец на селото Рош Ханикра во северниот дел на Израел на Средоземното Море.

И Хезболах и палестинската милитантна организација Хамас ја презедоа одговорноста за вчерашните напади врз Израел, додаде ДПА. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk