logo
logo
logo

И покрај масовната вакцинација во Србија, бројот на заразени расте

Vecer | 24.02.2021

И покрај масовната вакцинација во Србија, бројот на заразени расте


И покрај новите дози на вакцини и сè поголемиот број вакцинирани, експертите во Србија предупредуваат на зголемување на бројот на заразени, а Кризниот штаб денеска треба до го разгледа работното време на кафулињата и рестораните, не исклучувајќи ја можноста за заострување на мерките.

Во понеделникот имало скоро 3.000 заразени, а во вторникот тој број бил 3.257, со 15 смртни случаи. Според најновите резултати денеска се забележани 3.460 новозаразени и 17 починати. Во овој период биле направени 15.200 тестови.

Според „Нова.рс“, првата доза на вакцината ја примиле 813.266 граѓани на Србија, додека втората доза ја примиле 462.578.

Од почетокот на епидемијата во Србија се забележани 4.366 смртни случаи како последица на Ковид-19. На респиратори се 157 лица, а во болниците 3.727 ковид-пациенти. Од почетокот на епидемијата, официјално се потврдени 442.853 случаи на инфекција.

Државниот секретар во српското Министерство за здравство најави заострување на мерките.

„Мора да обрнеме внимание и што побрзо да го запреме влошувањето на ситуацијата“, рече Мирсад Џерлек.

Тој, сепак, забележува дека воведувањето на полициски час не доаѓа предвид. Мерките што треба да се засилат се оние што се однесуваат на работното време на продавниците и кафулињата.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk