logo
logo
logo

И Фаучи ја пофали руската вакцина Спутник В

Vecer | 06.03.2021

И Фаучи ја пофали руската вакцина Спутник В

Американскиот експерт за заразни болести и главен епидемиолог Ентони Фаучи ја пофали руската вакцина против вирусот Ковод 19, Спутник В, нагласувајќи дека податоците за оваа вакцина се добри.

Во интервју за грчката телевизија Скај, на прашањето дали би примил руска или кинеска вакцина, Фаучи одговори дека нема доволно информации за Кина, и дека во Кина има три вакцини.

- Податоците за Спутник В се прилично добри. Немам доволно информации за кинеската вакцина, тие имаат две или три вакцини, така што не сум следел одблизу колку се ефикасни, но податоците за руската вакцина не изгледаат лошо - изјави Фаучи, советник на американскиот претседател Џо Бајден.

Тој додаде дека не е загрижен за разговорите за несакани ефекти при користење на западни вакцини, бидејќи тестовите на вакцините Фајзер и Модерна покажаа дека нивото на нивната ефикасност е околу 95% и дека реакциите се минимални.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk