logo
logo
logo

И ЕУ бара ИСТРАГА за потеклото на коронавирусот: Светот има право да да знае што точно се случило

Vecer | 10.06.2021

И ЕУ бара ИСТРАГА за потеклото на коронавирусот: Светот има право да да знае што точно се случило

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел повикаа да се испита потеклото на пандемијата со ковид-19.

Со нивното барање, воочи самитот на Г-7, се зголемува притисокот врз Кина да биде потранспарентна.

– Треба да знаеме од каде започна пандемијата, за да ги научиме вистинските лекции и да ги развиеме вистинските алатки за да се осигураме дека никогаш повеќе нема да се случи, наведе Лајен.

Таа посочи дека е многу важно да им се обезбеди на истражителите целосен пристап до информации со цел да се утврди потеклото на пандемијата.

Според неа, Европа разумно реагирала на ограничувањата воведени поради пандемијата, бидејќи ги научила вистинските лекции од финансиската криза во 2008 година.

– Светот има право да да знае што точно се случило, наведе Мишел.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk