logo
logo
logo

И бугарските социјалисти ќе го вратат мандатот, Бугарија пред нови избори

Vecer | 01.05.2021

И бугарските социјалисти ќе го вратат мандатот, Бугарија пред нови избори


Бугарската социјалистичка партија (БСП) ќе го врати мандатот за формирање нова влада на претседателот Румен Радев на денот кога ќе го добијат. Ова беше објавено по вонредната седница на Пленумот на Социјалистичката партија, која траеше повеќе од 3 часа.

„Ќе го вратиме мандатот на 5 мај“, истакнаа од партијата, пренесоа бугарските медиуми.

108 членови на Пленумот гласале „за“ враќање на мандатот за формирање влада, „против“ – 0 и „воздржан“ – 5.

Вонредната седница се случи откако претседателот Румен Радев испрати покана за предавање на третиот мандат на БСП на 5-ти мај.

Претходно мандатот го вратија партијата на досегашниот премиер, Бојко Борисов (БНП) која освои најмногу гласови на изборите, а потоа и второпласираната Има таков народ на Слави Трифунов.

Откако социјалистите ќе го вратат мандатот, бугарскиот претседател Румен Радев, според уставот, ќе мора да го распушти парламентот и да распише нови избори во рок од два месеца.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk