logo
logo
logo

Хотелите во Женева преполни пред самитот Путин-Бајден

Vecer | 31.05.2021

Хотелите во Женева преполни пред самитот Путин-Бајден


Најмалку три хотели со пет ѕвездички во Женева се целосно резервирани за 15 и 16 јуни, кога ќе се одржи самитот на рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден.

Во луксузните хотели во Женева, „Интерконтинентал“, „Претседателот Вилсон“ и „Бо Риваж“, сите соби и апартмани се резервирани, а сместување сè уште може да се најде само во помалите хотели, беше потврдено за дописникот на ТАСС.

Во овие три луксузни хотели се сместени речиси сите службени лица, важни учесници и гости на меѓународните самити и состаноци на највисоко државно ниво.

Швајцарските медиуми предвидуваат дека и рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден ќе бидат сместени во хотелот „Интерконтинентал“, кој се наоѓа недалеку од Палатата на нациите, европското седиште на светската организација и потсетуваат дека во истиот хотел престојувале советскиот лидер Михаил Горбачов и американскиот претседател Роналд Реган за време на историскиот самит во 1985 година.

 


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk