logo
logo
logo

ЊУЈОРК

ХОРОР: Убиени две деца, ОСОМНИЧЕНА МАЈКАТА!

Vecer | 27.11.2022

ХОРОР: Убиени две деца, ОСОМНИЧЕНА МАЈКАТА!

Две момчиња, на возраст од 3 години и 11 месеци, биле пронајдени во стан во њујоршкото предградие Бронкс со повеќе убодни рани по вратот и торзото и биле пренесени во болница, но, за жал, повредите биле премногу тешки и лекарите не можеле да ги спасат, пишуваат американските медиуми.

Нивната 24-годишна мајка е приведена. Во полиција претходно било пријавено дека жената се обидувала да ги запали работите во кујната.

- Таа се однесуваше нерационално, изјавил заменик-началникот на локалната полиција.

Без инциденти била приведена додека не пристигнала брзата помош која ја пренела во болница на опсервација.

Медиумите јавуваат дека таа прво ги избодела децата, а потоа се обидела да ја запали кујната.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk