logo
logo
logo

ХАОС ВО КАНАДА! Пукање на аеродромот во Ванкувер има и мртви

Vecer | 10.05.2021

ХАОС ВО КАНАДА! Пукање на аеродромот во Ванкувер има и мртви

Едно лице загина во престрелка во неделата на главниот терминал на меѓународниот аеродром во Ванкувер, Канада, соопштија локалните власти.

Твитер профилот на аеродромот претходно соопшти дека раководството соработува со полицијата, а подоцна е додадено дека ситуацијата е ставена под контрола.

- „Еден човек беше убиен во неделата попладне во близина на терминалот за домашни летови“ - објави полицискиот оддел за убиства.

Полициските скужбеници не дадоа повеќе детали, но CBS News наведува дека полицијата трага по еден или повеќе осомничени во врска со пукањето. Брзата помош на аеродромот реагираше и две единици беа испратени на местото на инцидентот.

Менаџментот на аеродромот подоцна објави дека објектот е „отворен и безбеден за работниците и патниците“.

- Нашите мисли се со оние кои беа нападнати во денешниот инцидент - се наведува во соопштението на аеродромот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk