Времето е од суштинско значење во преговорите во Виена за заживување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година, изјави денеска германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, додавајќи дека разговорите биле долги, но водени во добра атмосфера, пренесува Ројтерс.

Американските официјални лица минатата недела се вратија во Виена на четвртиот круг индиректни разговори со Иран за тоа како да се продолжи со усогласеноста со договорот, кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп го напушти во 2018 година по што Иран почна да не ги почитува условите што му се наметнати согласно договорот.

„Преговорите се тешки и макотрпни, но сите учесници ги водат разговорите во конструктивна атмосфера. Како и да е, времето истекува. Нашата цел е целосно враќање на иранскиот нуклеарен договор, бидејќи тоа е единствениот начин да се гарантира дека Иран нема да може да поседува нуклеарно оружје“, рече Мас на маргините на состанокот со неговите колеги од ЕУ во Брисел.

makfax.com.mk