„Геополитичките поделби, непромислената трка во вооружување создадоа тотален ќор-сокак. Војниците работат на развој на страшни нови технологии, вклучувајќи вештачка интелигенција и системи за автономно оружје. Нуклеарната сенка што се наѕираше над човештвото во минатиот век, се врати“, рече Гутереш на конференцијата за разоружување.
Тој додаде дека одредени државници „редовно имплицираат дека се подготвени да создадат нуклеарен пекол“, што, според него, е срамотна закана што светот мора јасно и остро да ја осуди.
„Нарушени се нормите и стандардите против ширење, тестирање и употреба на нуклеарно оружје. Всушност, фрустрацијата на повеќето држави од бавното темпо на разоружување доведе до преговори за Договорот за забрана на нуклеарното оружје“, рече првиот човек на Обединетите нации.
Тој го повтори повикот да се забрза имплементацијата на сите обврски за нуклеарно разоружување, вклучително и Договорот за неширење на нуклеарно оружје и додаде дека треба да се почитува Договорот за сеопфатна забрана за нуклеарни тестови.
„Светот повеќе не смее да биде заложник на овие инструменти на смртта“, рече Гутереш.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата