logo
logo
logo

Греењето на минимум - 1.600 јакни за вработените

Vecer | 24.11.2022

Греењето на минимум - 1.600 јакни за вработените

Германски град го намалува греењето во канцелариите. Греалките се на минимум, а на вработените им делат јакни.

Градот Филинген-Швенинген, во југозападниот дел на Германија, зимава воведува мерки за заштеда на енергија, јавува агенцијата „Анадолија“. Температурите во канцелариите се намалуваат до 19 степени Целзиусови.

За на работниците да не им биде студено, градот нарача околу 1.600 сиви јакни со грбот на градот по цена од 28,50 евра од јакна.

Банката „Крајшпаркасе“ во соседниот град Лудвигсбург, исто така, на вработените им обезбеди зимска облека. Обезбедена е униформирана јакна и црни зимски ракавици, бидејќи и овде температурата во работните простории е спуштена на 19 степени Целзиусови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk